Friday, October 30, 2009

Празен град 1 дел



Како и секое делчевско утро се будам по навика со отварање на очите најпрво како е редот, лево па десно. Ова утро ми се чини плафонот некако повисок од претходно. Отпосле забележувам дека сум паднат од креветот и лежам на подат, се чуствувам поинаку, во топ форма сум. Кај е за мене кревет си велам?



Sunday, July 12, 2009

ГРАД СО ГОЛЕМИНА НА ОРЕВ ВО ДЕЛЧЕВО


Замелоушен од вревата на градскиот трамвај, ја поминувам улицата, од сите страни внимавајки да не ме стропа некоја лека кола (модерно автомобил) од безбројните што ги има низ градов. Река велосипедисти ми се уфрлаат у кадар во моментот штом си ја само дури замислив велосипедската патека. Чекајки да поминат овие млади спортисти-професионалци, еве ти еден безначаен рекреативец по нив со мопед кај каска по, со жолта линија обележаниот асфалт. Отпосле видов во весник дека оваа жолта трака да не ти била потребна, бидејки измислиле ласер кој 10 метри по и пред велосипедот со ласер формира холограм кој по се личи на обележаната велосипедска патека. Тамам успеав да дојдам на ред да ја исползувам јавната сообракајна за пешаци до бесвест развиена мрежа-ЦВРИИК. Нагло кочење и штама. Една возрасна дама со своето не толку возрасно кученце стапна на пешачки. Добро утро, молам. Светот е сепак за сите еднаков. Како на филмска трака се нижат погледи на ретровизори и трепкаат жмигавци. Идила од стриповите. Уште прашина и еве не во лулката на светот наречена Македонија каде каубојците (по нашки ајдути) биле актуелни уште пред Колумбо да стапне на америчка земја. А голема земја нема што. Некако историјата премногу ми личи на сегашноста. Нема во оваа европејска претстолнина наречена Балкан, со главен град Македон (ија произлезе од нашата женска потсвест и со декрет на матријархатот), доволно скудна егзистенција, па еве ти ги младите сили на нашата иднина кај итаат забрефтано да освојат парче од таа америчка земја и да го освојат сопственото ѕвездено небо во сепак земјата на можностите и невозможностите. David Bowie ми пее некоја песна Youngamericans, и си велам кај е Влатко Стефановски да му опне еден Калабалак со Јовано, Јованке во дует со Македонското девојче и верувале или не Виолета Томовска. Вакви бисери на нашата генерација заслужуваат доживотна пензија во прегратките на обожувањето и почестите што секој македонец го прави горд на македонштината во себе, просто крвта да ти зоврие. А Исус бил македонец. Распнат бил во Охрид на Плавошник. Сепак, нејсе. Молчешкум се возам 2-3 пати со елеваторот во трговскиот ни центар и си велам што тренди да си купам денес? Трењерка од Пума или маичка со знакот на Загор Те-Неј. Сепак од прашливите полици на некогашната стоковна куќа (после бече Типо, де), продавачот ми понуди маичка во комплет со шорц (од тие пионерски црвените со шлиц од страната) со знамето на третата по големина светска сила, веднаш зад САД и СССР, Југославија. Еј држава е ова си велам. Плаќам набрзина со бледо зелените ко долари Чекови за почек и трк право у маало. Но чекај !!! Некаде започна да свири тревожна сирена и оп си велам не нападнаа другарите сталинисти Бугари. Немам гајле имаме скривница у маало па зазедов правец У ПОДЗЕМЈЕ . во темниот ходник ме пречека сефовски тешката врата полуотворена. Влегувам внатре- нема никого. А ѕидовите шарени од последната Наше маало приредба на песни од Олгица Христовска и А. Џамбазов-Таткото. Што е работава си велам? Да не утнав погрешна скривница или така нешто? Искачам по Скопски надвор и гледам призор на титови ударници стојат мирно и скаменето со солзи во очите гледаат некаде во далечината (облаци, хоризонт, сонце, поле со житно класје и др. зарзавати си мислам). Колку ти било гордо да си македонец. Отпосле узнав дека да ти умре никој друг туку маршалот лично и персонално. Точка-крај на светот, потоп. А таман се бев одморил од првомајските протести т.е. пикник у природа на убавата ни планина Голак. Чекај малку... Нешто не ми се совпаѓа во текстов со временски-просторниот континуум. Па кај елеватори у трговски у подножјето на Голак планината. Ова ми личи на летен компилациски хит на размисли и помисли (двоумења) на еден самонаречен и самопрогласен писател кој по некоја случајност ви го полни здравиот ви разум со овој текст што го навидум доброволно консумирате низ технологијата на килобајтните скрипт едитори на она што понекогаш и сам не можа,м да го разберам. Од тој ден секоја година во ист тајминг во глава како навиен будилник ми ѕвонеше таа иста сирена, и како робот мирно застанував и размислував. Големина, храброст и дела го красат овој човек штом цела нација вака жалосно го отпоздравува.

Јутел ерата само што не беше завршена и оп... се појави ерата на МТВ. Патем пропаднаа неколку држави, се создадоа многу повеќе, луѓето како така преживеаја (или не)- кој како, за еве денес пак да стојам пред трговскиот ни центар (кој патем уште нема елеватори, ниту пристапни рампи за хендикепирани лица) со футуристичко име: Пела. Еве ги македончињата загледани во минатото кај ни ја креираат иднината, а од сегашност ни С нема. Модерно да ти било сега место добарден другар/ке-измислената од најголемите мислители-филозофи од ерата на енгелсизмот, фраза; кај си бе педер, епа дека си бе мама му даеба од кога не сме се видели-живописни и провокативни- слаткоречиви думи кои со коефициент на широк интелект систематски и долгорочно ги мислел, обмислувал и студирал младиот, за се способен широкољубив граѓанин на државата ни со најдолго име у свет кое делува и по малку збунувачки. Еве ти го на. Придобивки, додавки, лапсуси и фатамаргани. Денот пак почнува наутро. Само во умот ти се чини дека е поинаку. Го затварам тостерот, упс пардон лаптопот и продолжувам да пишувам. На рака, со добро познатиот мирис на мастило. Ма какви пиксели, каква технологија. Сакам олд скул тајпинг т.е. пишување на рака. Така реално можам да се огледам во (или меѓу) редовите на светинските ни кирил и методиеви букви.

присутни посетители

Poll

Poll

Poll

Скриена порака

ONLINE посетители

Вкупно посетители

Народни мудрости

Раката која дава секогаш е над онаа рака која прима. Не плаши се од неуспех, обиди се уште еднаш.

Новости

Пријателски Блогови